Невремето што попладнето го зафати Скопје предизвика големи материјални штети. Во Чаир се урнаа покриви на згради, оштетувајќи автомобили, додека на некои улици се забележани и паднати дрвја. Нема повредени, а спасувачките екипи излегоа на терен и ги повикаа граѓаните да не излегуваат надвор додека не се смири невремето и не се расчисти теренот. Додека Скопје беше зафатено од силен ветер, беше пријавен пожар во населбата Нерези, во близина на ...
Паднати дрва, оштетени возила, запалени бандери, скинати кабли е сликата по силното невреме што го зафати Скопје, но и делови од Македонија. Граѓаните сведочат паѓаа и лимови од кров, добро е што никој не бил повреден. Телефонот во ЦУК постојано ѕвонел. Имало 50 пријави од граѓани за над 30 паднати дрвја, од кои дел паднале и врз возила, куќи, делови од згради. Сите пријави се проследени до надлежните служби, кои интервенираат по приоритет за ...
На бројот за Итни повици 112, 50 пријави за материјални штети од вчерашното невреме со силен ветер во Скопје. Во различни делови на градот, паднати дрвја, оштетени моторни возила, скинати кабли на ЕВН, настрешници и кровови и други материјални оштетувања на приватна сопственост. На две локации имаше и пожари. Полициски службеници, ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир во салата „Борис Трајковски“, заедно со екипа ...