Американската војска соопшти дека во четвртокот погодила глисер за кој тврди дека превезувал дрога во меѓународни води во источниот Пацифик, при што загинале четворица мажи на бродот, пренесува Си-би-си. Препорачано „Разузнавачките информации потврдија дека бродот превезувал дрога и се движел по позната рута за шверц во источниот Пацифик“, соопшти преку „Икс“ Заедничката команда на САД одговорна за Јужна Америка (SOUTHCOM), објавувајќи ...
Најмалку 50 лица, меѓу кои 33 деца, биле убиени во напад на суданските паравоени сили врз градинка во Судан, соопштија лекарите. Според соопштението издадено доцна синоќа, тоа беше „втор неочекуван напад“ со беспилотно летало во градот Калога, во државата Јужен Кордофан. Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем, но прекинот на комуникацијата во областа го отежнува пријавувањето. Во четвртокот беше првиот напад во борбите меѓу паравоената ...

