Измените на Кривичниот законик што се однесуваат на делото „безобѕирно возење“ ќе бидат разгледувани во Собранието. Измените добија поддршка од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата прифати и посебен амандман што предвидува затворска казна од една до десет години за друго кривично дело. Предлог-законот за измена на КЗ содржи и измени поврзани со перењето пари, финансирањето тероризам и конфискацијата ...

На 88. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше разгледан предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, поднесен од група пратеници. Комисијата го усвои и комисискиот амандман и го проследи предлог-законот на натамошна постапка во Собранието. Пратеникот Антонијо Милошоски ги образложи предложените измени потенцирајќи дека станува збор за парцијални измени, со кои се ...