Ирански воен хеликоптер се урна денеска на пазар за овошје во централната покраина Исфахан, при што загинаа пилотот, копилотот и двајца трговци, соопштија државните медиуми, пренесува Ројтерс. Хеликоптерот се урна во градот Дорче, предизвикувајќи пожар кој беше изгаснат од службите за итни случаи, се додава во извештаите. A helicopter from the Iranian Army’s Aviation unit crashed Tuesday morning in the fruit and vegetable market area of ...
На местото на несреќата избувна пожар, кој потоа е ставен под контрола. Експертите велат дека во Иран многу често има вакви несреќи. Многу од инцидентите се поврзани со авиони купени пред Исламската револуција во 1979 година, за кои на Иран му недостигаат оригинални резервни делови. Борбен авион Ф-4 произведен во САД, кој припаѓаше на иранските воздухопловни сили, се урна минатата недела за време на тренинг лет во западната покраина Хамадан. ...

