Францускиот репрезентативец Силван Франциско обелодени дека добил огромен број на пораки со расистички навреди по дуелот против Словенија во која тој беше во главна улога. Асот на Жалгирис за првпат во кариерата постигна над 30 поени во репрезентативниот дрес, но навлече бурни реакции поради последната акција, кога најпрвин се поздрави со Лука Дончиќ, а додека останатите играчи се поздравуваа тој тргна на кошот и положи, по што следеше мешаница ...

Силвен Франциско отворено проговори за расистичкиот напад на кој бил подложен, а ги спомена и илјадниците пораки што негативно влијаеле врз неговата ментална состојба. Најголемиот скандал на Евробаскет 2025 се случи на крајот од натпреварот помеѓу Франција и Словенија. Во последните секунди, кога победата на Франција веќе беше осигурана, Франциско го искористи празниот простор кон словенечкиот кош и поентираше, иако претходно се ракуваше со Лука ...