Прилеп, 8 јуни 2025 (МИА) - Со претставата „Црно семе“ на Битолскиот народен театар видовме одлична театарска поставка на класичниот, антологиски текст од македонската литература. Претставата одлично комуницираше со публиката и театарот докажа дека е волшебна уметност, беше речено на денешните разговори за претставата „Црно семе“ на Битолскиот театар, втора во официјалната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп. -Има ...
Прилеп живее со театарската уметност неделава. Радост е да се видат полни гледалишта на сите претстави на 59. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“, кое се приближува кон својот крај. Нa програмата на претпоследниот ден на фестивалот ќе биде претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, на Театар Комедија во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Валентин Костадиновски, Атанас ...
На големата сцена на Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски, на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Почетокот е во 19:00 часот и претставата е дел од официјалната фестивалска програма. Публиката на 59-тиот Македонски театарски фестивал во Прилеп ќе има можност да проследи претстава што на сцената го оживува ликот и идејата на Коста Солев Рацин – поет, борец и ...