Дени Мусовски се очекува да биде засилување за македонската репрезентација во наредниов период, а во меѓувреме тој ја забележа првата асистенција во новата сезона во МЛС лигата. Тој конечно доби шанса од првата минута и одигра важна улога во победата на Сиетл над Сан Хозе од 1-0. Имено нашиот фудбалер учествуваше во клучната акција на мечот кога заедно со Фереира успеа да изградат акција по која Ротрок погоди и донесе три бода за гостите. ...
Американската МЛС-лига веќе неколку сезони е сцена на играчи со балкански корени кои оставаат силен впечаток, а меѓу нив се издвојува и напаѓачот Дани Мусовски, фудбалер кој со својата борбеност и инстинкт за гол привлекува сè поголемо внимание и се најде на списокот на Гоце Седлоски за бараж натпреварот за СП 2026 против Данска. 30-годишниот Мусовски е роден во САД во семејство со македонско потекло, а постепено го градеше своето име во ...

