Десетици илјади студенти и граѓани се собраа попладнево во центарот на Белград на масовен протест со барање за предвремени избори. Протестот, кој започна мирно, кулминираше со инциденти и судири со полицијата по неговото официјално завршување во 21 часот. Според дописникот на МИА од Белград, ситуацијата стана тензична кога голема група демонстранти, главно млади лица, почнаа да фрлаат камења, петарди и шишиња кон припадниците на полицијата, ...
Во Белград денеска се одржува протестот под мотото „Се гледаме на Видовден“, организиран од студентското движење како дел од низата протести што траат веќе неколку месеци. Студентите и граѓаните се собираат на плоштадот Славија, изразувајќи незадоволство и барајќи одговорност од властите за трагедијата што се случи на 1 ноември минатата година во Нови Сад, кога при уривање на настрешница на новореновираната железничка станица загинаа 16 ...