Министерството за образование нема конкретна одлука за тоа кое ќе биде решението за случајот „Неровo“. Министерката Весна Јаневска повтори дека изградбата на новата училишна зграда е направена незаконски, додавајќи дека ќе ја разгледа можноста за реконструкција на постојниот објект каде настава веќе посетуваат над 120 ученици. Јаневска рече дека во вторник тим од МОН ќе го посети ова село за да ја види одблизу состојбата на постојниот објект и ...
Само еден претставник на Министерството за образование по професија архитект го сочинуваше тимот на ова министерство кој во текот на денот престојуваше во селото Нерово во Крушево за внимателно да ја разгледа состојбата на двете училишни згради. Дашмир Јусуфи од Советот на родители за легализацијата на новата училишна зграда, за Алсат изјави дека експертот од МОН го фотографирал и анализирал секој агол од новиот објект, додавајќи дека ...