Германската влада денеска одобри ограничувања за обединување на семејствата за одредени групи бегалци и заострување на законите за државјанство. Ограничувањата за семејствата ги таргетираат мигрантите во Германија со таканаречен „статус на супсидијарна заштита“, на кои им е дозволено да останат во земјата поради закана од политички прогон во нивните татковини, и покрај тоа што немаат статус на бегалец, јави ДПА. Двата предлог-закона, предложени ...

Владејачката коалиција, која ги вклучува конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите, исто така гласаше за укинување на механизмот за забрзана натурализација, што беше воведен од претходната влада на Олаф Шолц. Министрите ја одобрија одредбата во предлог-законот дека Германија сака да ја „ограничи“ миграцијата, а не да ја „контролира“ како што е во моментов. Законите за заострување на правилата за имиграција сè уште треба да ...