Еден празнува, друг не сака да разговара со новинари. Вака реагираа дел од сопствениците на фирмите на чие градилиште во Скопје се случи одрон, а од тоа беа поткопани темели на соседната зграда, тротоарот и улицата. Абдуљвехап Хусеини, кој е еден од сопствениците на „Про билдинг“ од Тетово, се правдаше дека денеска му е празник. Она на што, исто така, не сакаше да одговори е дека за него имало поднесено повеќе кривични пријави и тоа како ...
Еден од сопствениците на фирмата Про билдинг компани ДОО – Тетово, која е инвеститор на зградата која се гради на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква во скопската општина Центар, каде има свлечиште, е раководител на секторот Права во Центарот за социјални грижи во Тетово, објави телевизијата Телма. Станува збор за Абдуљвехап Хусеини, а другите двајца сопственици на фирмата се Трипун Крстевски и Ванчо Крстевски. ...

