Во објава на Фејсбук, претседателката наведува дека со право не стивнуваат реакциите за инцидентот на натпреварот. „И… заради нашата, по кој знае кој пат, спортска неписменост, со право не стивнуваат реакциите на ужасниот инцидент на кошаркарскиот натпревар во Куманово, на којшто, неколкумина недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси и, пак, сме засрамени“, вели претседателката. ...

Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови – проектили. Ова е дел од реакцијата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на навредливите скандирања на натпреварот Македонија-Романија одржан во саботата во Куманово. „По толку изгубени човечки битки на спортските терени, мора да кажаме јасно и гласно – никогаш повеќе, каде и да сме, со кого и да се ...