Кошаркарскиот клуб Пелистер се повлече од паркетот во Купот на Македонија во Куманово, против домаќинот МРК Куманово, заради неговите навивачи. „Чкембарите“ во целосна бројка не добиле дозвола за влез во салата во Куманово која е преполна, барем така информираше коментаторот Бранко Чупески на јавниот национален сервис МРТ. Полуфиналниот меч е во прекин, а се чекаат повеќе информации наскоро. Кошаркарскиот клуб Пелистер се повлече од паркетот ...
Екипата на МРК Куманово во пеколно четвртфинале успеа да слави над Пелистер (75-66) пред околу 3.300 гледачи во својата сала и така обезбеди место во полуфиналето на Купот на Македонија кој се игра баш во Куманово. Дуелот меѓу двата тима почна доста тензично, а сето тоа кулминираше по само пет минути игра, кога Пелистер се повлече од паркетот затоа што не беше дозволен влез на „Чкембарите“ на трибини. Траеше скоро петнаесет минути прекинот, ...

