Во петок попладне, по мирното утро, папа Франциск, кој се лекува во римската болница Џемели, повторно имаше проблеми со дишењето. Папата доцна синоќа бил приклучен на респиратор за неинвазивна вентилација. Извори од Ватикан велат дека носи маска која му помага при дишењето и првпат му помага механичката вентилација. Папата Франциск во моментов не е интубиран, но има маската која му помага да дише. Потребни се 24 до 48 часа за да се процени дали ...

Респираторната состојба на папата Франциск, кој две недели е во болница, се влошува – соопшти Ватикан. Ова следува откако понтифот доживеал епизода на бронхоспазам, односно стегање на мускулите што ги обложуваат бронхиите во белите дробови што довело до повраќање. На папата му била дадена неинвазивна механичка вентилација. Поглаварот на Католичката црква веќе две недели се лекува од бронхитис и пневмонија во болница во Рим. На плоштадот Свети ...