Трите црвени картони, и двете исклучувања во последните две минути кои судиите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски им ги поделија на ракометарите на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите, предизвикаа доста реакции. Фановите на Барса сметаат дека поразот од Магдебург е по заслуга на судиите, а тренерот Карлос Ортега беше поумерен во критиките кон нашите арбитри кои меѓу најдобрите, можеби и најдобри на светот. „Можеби раниот црвен картон ...
Ракометниот клуб Барселона се чувствува лошо третиран од македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски во полуфиналето на Лигата на шампионите во саботата, па клубот поднесе формална жалба до Европската ракометна федерација, иако се свесни дека не може ништо да сменат со ова. Координаторот за ракомет на Барселона, Жоан Марин, и тренерот Карлос Ортега сметаат дека Николов и Начевски имале различни аршини при досудувањето фаули на двете ...
Жоан Марин, кој е дел од раководниот тим на ракометната секција на Барселона, на прес-конференција отворено го изрази своето разочарување од арбитражата на полуфиналниот дуел со Магдебург (30-31), одигран на завршниот турнир. Според него, одредени судиски одлуки – донесени од македонскиот двоец Славе Николов и Ѓорѓи Начевски – сериозно ја оштетиле неговата екипа. Марин нагласи дека не се обидуваат да бараат посебен третман, туку сакаат да ја ...