Во зоната околу Чернобил во Украина, речиси четири децении по нуклеарната катастрофа од 1986 година, научниците регистрираат сè поголемо враќање на дивиот свет и обновување на природните екосистеми, и покрај тоа што делови од територијата сè уште се сметаат за радиоактивно контаминирани. Просторот кој одамна е напуштен од човекот постепено се трансформира во една од најнеочекуваните „резерви“ на дивиот свет во Европа. Истражувањата во ...

Четириесет години по најголемата техногена катастрофа во историјата, зоната околу нуклеарната централа Чернобил останува еден од најнепредвидливите простори на планетата. Додека јавноста со децении се храни со приказни за необични суштества и генетски аномалии скриени во забранетите шуми, најновите наоди на белоруските истражувачи фрлаат сосема поинакво светло на состојбата во овој изолиран екосистем, пренесува „РИА Новости“. Директорот на ...

Директорот на Институтот за радиобиологија при Националната академија на науки на Белорусија, Игор Чешик, изјави дека белоруските научници не регистрирале појава на мутирани животни во чернобилската зона на исклучување. Чешик за руската агенција „RIA Novosti“ наведе дека за време на истражувањата во погодената зона околу нуклеарната електрана не биле забележани животни со физички аномалии како „две глави или два опашки“, и дека такви случаи ...