Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски од Битола цела учебна година одел на работа во подрачно основно училиште во Битолско без да му се каже дека добил отказ уште лани во јануари, без да знае дека не е на платен список и нема договор за работно ангажирање, објави порталот Апла. Настаникот ангажиран во три училишта со цел да оформи полн фонд на часови, ниту претпоставувал дека бил тргнат од списокот за исплата на плата од ...
Во подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во битолско Горно Оризари, часовите по ликовно се одвиваа нормално се до пред неколку дена. Наставникот Стефан Поповски држел настава, пишувал оценки во електронскиот дневник, присуствувал на наставнички совети и бил дел од годишната програма на училиштето. Но, според документ што деновиве првпат му бил покажан, тој добил отказ пред година и пол. Поповски вели дека редовно одел на работа во ...

