Проекти од областа на животната средина како што е елиминирање на депониите со опасен отпад ќе се финансираат со средства од Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, најави денеска во Лондон вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. „Освен железничкиот сообраќај, здравство, образованието, кои веќе се договорени, излеговме со нова идеја. Поконкретно тоа е проблемот со опасниот отпад, кој се влече со децении во ...

„Освен железничкиот сообраќај, здравство, образованието, кои веќе се договорени, излеговме со нова идеја. Поконкретно тоа е проблемот со опасниот отпад, кој се влече со децении во нашата држава. Зборувам за линданот во фабриката Охис, за оној во Југохром во Јегуновце кој веќе е штетен по здравјето на луѓето, Ваксинце, Лојане“, рече Меџити кој е дел од владината делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ...