„Марш на ангелите“ ќе се одржи оваа сабота во Кочани, по повод навршувањето на 18 месеци од трагедијата во која загинаа 63 лица. Родителите на загинатите повторно повикуваат на масовно присуство и поддршка од граѓаните. Маршот ќе започне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата. Во јавниот повик, родителите поставуваат низа прашања за институционалната одговорност и спречувањето на трагедиите, прашувајќи до кога ќе се чека да се случи несреќа ...
До кога ќе ни се повторуваат трагедии? Уште колку животи треба да згаснат за нешто да се преземе? Колку семејства треба да останат без своите најмили?, се прашањата на Здружението на граѓани „16 март 2025“, кое на 14 март повика на нов „Марш на ангелите“ во Кочани. Маршот симболично е најавен во 16:05 часот во Кочани, градот каде во март во невиден пожар загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа потешко повредени и со доживотни трауми и ...

