Обвинителката Адела Бојчевиќ продолжи со изведување докази против Стојанче Јовановски, кому му се суди за 3 кривични дела извршени врз неговата сега покојна сопруга Ивана Јовановска, која се самоуби со фрлање од 6 кат од нејзиниот стан, при што во смрт ја понесе и нивната 6-годишна ќерка Катја. Бојчевиќ рече дека во доказите има записници, поплаки, анализи на снимки, записник од полиција за сите настани во кои се инволвирани Ивана и Стојанче, ...
Со презентирање на аудио снимки од повици до службите за итни случаи, денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски. Обвинителката Адела Бојчевиќ во судница изведе девет фајлови поврзани со пријави на бројот 112, кои, како што најави, беа изложени по хронолошки ред. Според обвинителството, пријавите биле поднесувани од повеќе лица, меѓу кои покојната Ивана Јовановска, нејзината мајка, мајката на обвинетиот, самиот обвинет, како и други ...

