Неверување, тага и болка. Социјалните мрежи се преплавени со изрази на сочувство по трагичната вест за смртта на Душко Чифлиганец, кој денес им подлегна на тешките повреди во болница во Чешка. Веста за неговата смрт беше објавена и на Facebook-страницата motori.com.mk, каде моторџиската заедница му оддаде последен поздрав, споделувајќи емоционални коментари и спомени за Дуле. „Лоша вест од Чешка, Дуле не ја издржа борбата. Нека почива во мир“, ...
Во јавноста осамна веста дека загинал бизнисменот Душко Чифлиганец, а пријателите и јавните личности се простија од него на социјалните мрежи. Бизнисменот (32), почина во Чешка, откако во саботата (02.08) доживеал несреќа на мото-трка во Брно, Чешка. Од Душко со емотивна објава се прости верната пријателка на Миа Костова,Тијана Скулиќ : „Летај Чики небото е твојот рај сега.Те сакам. Да знаеш“ „Почивај во мир Душко, сочувство до семејството“ – ...