Второто коло од новиот ПМФЛ 2025/26 македонски фудбалски шампионат ќе стартува со денешниот дуел во Кавадарци помеѓу екипите на Тиквеш и Вардар. Мечот е закажан за 17:00, а домаќинот со нетрпение го очекува гостувањето на актуелниот освојувач на Купот на Македонија, како и на овогодинешниот наш претставник во Европа. Тиквеш и во првото коло беше домаќин, и тоа на тимот на Работнички, дуел во кој ниту постигна ниту прими гол. Благодарение на ...

Денес во Кавадарци со дуелот помеѓу Вардар и Тиквеш ќе стартува второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Домаќинот вели дека има огромна почит кон денешниот противник, но сепак веруваат во своите амбиции да одат на победа. Голманот на Тиквеш, Христијан Стевковски, кој беше одличен во првиот натпревар против Работнички, за веб страната на ФФМ ги кажа своите очекувања од денешниот дуел. “Вардар е една од најквалитетните екипи во домашниот ...