Општините да бидат попристојно место за живеење, повеќе зеленило, чиста животна средина се очекувањата од идните градоначалници и сликата која сакаат да ја видат кога ќе излезат затворениците од Казнено-поправниот дом „Идризово“ кои денеска го остварија правото на глас во вториот круг од локалните избори. 620 гласачи имаат право на глас на избирачкото место 2536 кои гласаат за кандидати за градоначалници. Гласовите од избирачите во Идризово се ...

Право на глас има секое лице кое е запишано во изводот од Избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош. Гласањето се врши лично. По доаѓањето на избирачкото место на граѓанинот најнапред му се проверуваат документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат. Се гласа тајно, а на овие ...