Претежно облачно, претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Ден Велигден 12 април 2026, територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација за овој најголем Христијански празник Воскресение Христово Велигден ќе имаме сончево време и релативно топло со пролетни температури на воздухот. Ќе има и појава на умерена локална облачност во текот на денот а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец ...