Лука Модриќ си заминува од Реал Мадрид, а веќе има отворена понуда да дојде во МЛС-лигата, во еден од најдобрите моментални проекти. Интер Мајами на Дејвид Бекам тргна во лов на Хрватот! Уште во април се пишуваше дека Модриќ може да му се приклучи на Лионел Меси како лидер во екипата, но сега тие гласини се засилија и на големо се пишува за трансфер на хрватскиот репрезентативец во САД. Се очекува Модриќ во Интер Мајами да дојде како слободен, ...
Лука Модриќ (39) сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата, откако објави дека го напушта Реал Мадрид, но шпанските медиуми веќе нудат неочекувано сценарио. Според „Дифенса Централ“, Модриќ ќе остане во Мадрид и дека кариерата ќе ја продолжи во Хетафе.Според овој извор, заедно со Модриќ во мадридското предградие би пристигнал уште еден симбол на Реал, Раул Гонзалес, кој би го заменил Хосе Бордалас на тренерската позиција. Главната причина ...