Кевин Де Бројне во клиниката „Вила Стјуарт“ во Рим ги мина лекарските прегледи како последен чекор пред ставањето потпис на договорот со Наполи. Голен број навивачи на Наполи се собраа пред клиниката и го фотографираа белгискиот фудбалер кој доаѓа од Манчестер сити. После прегледите, Де Бројне замина во куќата на претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Таму ќе ручаат, по што треба да се потпише договорот. Кевин не даде изјава, но тоа го ...
Во своето прво интервју како играч на Наполи, Кевин Де Бројне откри зошто го избрал италијанскиот првак, иако имаше повеќе понуди за продолжување на кариерата после 10-годишниот престој во Манчестер сити. „Јас сум некој што сака да победува, мразам да губам. Тимот го освои Скудетото минатата сезона, мислам дека можеме да направиме нешто добро. Тимот е амбициозен, сака да победува. Наполи и јас ја делиме истата амбиција. Мислам дека ова е ...