Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата интернет-страница објави соопштение по повод реакциите на домашната екипа Тиквеш за досудениот корнер по кој Вардар даде гол. Од Кавадарци протестираа дека немало корнер, но видеото покажува друго. „Во врска со реакциите на дел од фудбалерите и навивачите на ФК Тиквеш, поврзани со корнер на мечот Тиквеш – Вардар, по кој гостинската екипа во следната акција постигна погодок, Судиската комисија ...
Фудбалерите, но и навивачите на Тиквеш, реагираа за спорната ситуација во 61-вата минута, кога бараа корнер, но судиите покажаа гол-аут, а веќе во следната акција Вардар постигна погодок за 0-2. Веднаш реагираа од Фудбалската федерација на Македонија и објавија видео снимка од спорната ситуација од која јасно се гледа дека фудбалерот на Тиквеш последен игра со топката и таа оди во гол-аут, што би значело дека одлуката на судиите е исправна, а ...