Локалната служба за планинско спасување објави дека несреќните алпинисти „веројатно паднале“. Француската агенција АФП пишува дека станува збор за 25-годишна девојка и 56-годишен маж. Потрагата по двајцата алпинисти започнала вчера откако нивното загрижено семејство кренало тревога. Нивните тела биле пронајдени во подножјето на Агиј де Бионасе, врв на надморска височина од 4.052 метри надморска височина, на алтернативен пристапен пат до Монблан ...

На Француските Алпи се случи трагедија во која британска државјанка го загуби животот на рафтинг. Несреќата се случила во саботата попладне на реката Гисан во близина на Бријансон, во југоисточна Франција. Како што потврди регионалната обвинителка Марион Лозахмер за француската агенција АФП, жената паднала од сплавот за време на спуштањето. Британката била дел од организирана туристичка тура и паднала од чамецот на предизвикувачкиот дел од ...