Четирикратниот шампион Макс Верстапен ја забележа втората победа на седмата сезонска трка во Формула 1. Холанѓанецот извозе маестрално и ја победи конкуренцијата од Мекларен во трката за Големата награда на Емилија-Ромања. Така, Ред Бул стигна до победа на својата јубилејна 400. трка во овој спорт. Верстапен тргна од второто место, стартот не му беше сјаен, ама потоа со одличен маневар го презеде водството и го одбрани до самиот крај. Иако имаше ...

Возачот на Ред бул, Макс Верстапен, по победата на „Имола“ изјави дека тимот постигнал голем напредок и дека е задоволен од својата четврта последователна победа на таа легендарна патека. Четирикратниот последователен светски шампион ја прослави 400. трка на Ред бул во Формула 1 со својот втор триумф оваа сезона. Тој зборуваше и за почетокот на трката, кога го престигна првопласираниот Оскар Пјастри од Мекларен, од надворешната страна. ИЗДВОЕНИ ...

Во неделата, Макс Верстапен стартуваше во трката број 400 на Ред Бул во Формула 1 и ја запиша својата 65 победа за четирикратниот светски шампион, кој со успехот во Имола се врати во борбата за светската титула оваа сезона. Ред Бул дебитираше во Формула 1 во 2005 година, а до денес тимот има 124 победи и 106 квалификациски победи. Макс донесе повеќе од половина од победите на тимот – 52,4% за да бидеме прецизни, при што сите негови победи се со ...