Владата до Собранието достави предлог-измени на законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка. Целта е вршење на почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија, односно овластувања. Извршната власт кон крајот на март подготви измени на 7 закони, по пожарот во кочанската дискотека. Истрагата покажа дека клубот „Пулс“ бил изграден за една категорија и не се направило негова пренамена за вршење на друга дејност. Во ...

СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во Кочани. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека изготвиле добро законско решение и ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат или да се вклучат во негово модифицирање ако имаат предлози, нагласувајќи дека целта не е да се политизира трагедијата. -Изработивме предлог-закон кој навистина мислам дека е добар. ...