Судиите Начевски и Божиновски беа во центарот на вниманието на финалето од Супер-Купот во Кавадарци и дуелот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Битолскиот тим на крајот славеше со 28-27, меѓутоа имаше спорен момент во финишот. Кога Хосни го постигна голот за победа, спорно беше тоа што се случуваше на центарот на теренот. Судиите ја прегледуваа снимката, и на крајот одлучија дека нема ништо. Дали беа во право? Проценете сами низ видеото: ...
Актуелниот македонски шампион Пелистер го победи вечниот ривал Вардар со 28-27 во драматичен меч и го освои трофејот во Суперкупот на Македонија. Ракометниот натпревар започна со доцнење, но донесе возбудлива игра. Пелистер имаше предност до 14. минута, кога Вардар направи серија и поведе со 10-6. „Црвено-црните“ ја одржуваа предноста од три гола до последната минута од првото полувреме, кога Пелистер ја намали разликата на еден гол (12-13). Во ...