Тендер по принципот клуч на рака без доказ за оправданост, без анализи за цени и во вредност од речиси 30 милиони евра склучил ТИРЗ со само еден оператор иако набавката можела да се дели, утврдиле државните ревизори во извештајот кој е работен за 2023 и 2024 година. Се граделе објекти за времено сместување и амбуланта за прва помош, детски градинки и складишта со паркинг во ТИРЗ Скопје 1 и 2, а за нив бил исплатен аванс од 20% од договорната ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на ДТИРЗ за 2024 година, а причина за ваквата оценка се утврдени неправилности, неусогласености со законите и слабости во управувањето со парите. Ревизијата открила дека инвестиции кои се во тек во износ од околу 69 милиони евра, и понатаму се евидентираат како материјални средства во подготовка, без пресметана амортизација, иако ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизијата за 2024 година обелодени дека иако државата преку Дирекцијата за ТИРЗ управува со 16 технолошко-индустриски и развојни зони (ТИРЗ) и 3 индустриски зони, дел од нив зјаат празни или полупразни бидејќи нема доволно инвеститори. Утврдено е дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се дадени под закуп. Дополнително во 7 од вкупно 16 зони, на вкупна површина од ...