Христијан Кировски од пред неколку дена е вклучен во стручниот штаб на Тиквеш. На барање на шефот Ѓорѓи Мојсов, некогашниот најдобар стрелец во ПМФЛ за сезоната 2010/11, некогашен фудбалер на Вардар, Работнички, Шкендија, Струга ТЛ, Македонија ЃП и уште неколку други клубови како и некогашен фудбалер со богата интернационална кариера, е прв асистент на стратегот Мојсов. Интересно, Мојсов и Кировски заедно играа во Вардар и Работнички пред ...

Неодамна пензионираниот македонски напаѓач, Христијан Кировски, официјално доби нова улога и „заплови“ во професионални тренерски води. Поранешниот играч на многу клубови од Македонија и од странство ќе работи како помошник во прволигашот Тиквеш, каде предводник е тренерот Ѓорѓе Мојсов. Кировски веќе работеше како тренер на младинците на ФК Скопје, со кои оствари огромен успех и ја освои шампионската титула, а сега првпат добива посериозен ...