Метео прогноза на Славчо Попоски Почнувајќи од викендов, особено од недела (1 јуни) во нашата Република Македонија ќе започне приливот на топол воздух со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите значително ќе бидат во пораст, што значи дека, конечно може да очекуваме летни температури на воздухот. Инаку, за време на викендот, односно во сабота и недела (31 мај/1 јуни) времето во нашата Македнија ќе биде сончево со мала до умерена ...
Веќе се коментира за сезонската прогноза за ова лето. Во последните години, во текот на летните месеци, се навикнавме на надпросечна топлина, која понекогаш е прекината од екстремно нестабилно време, така што топлотните бранови се заменуваат со бури придружени со силни ветрови, поплави и слично. Оваа недела, Метеоролошката и хидролошката служба ја објави својата сезонска прогноза за претстојното лето, а што можеме да очекуваме, односно дали ни ...
Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Темепратурите ќе бидат во интервал од 4 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер ...
До крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а од недела ќе има значителен пораст на температурите, информира УХРМ. Утре ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и восабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно ...