Македонската репрезентација продолжува да се подготвува за двата меча во јунскиот „прозорец“ од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Белгија е првиот тест на 6 јуни и тоа на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, селекција од светска класа, највисока категорија, репрезентација која ќе ја има улогата на фаворит, меѓутоа избраниците на Милевски се оптимисти дека ќе можат да им се спротистават на Де Брујне, Лукаку и ...
Репрезентативецот Кристијан Трапановски со оптимизам го најави квалификацискиот натпревар против Белгија, истакнувајќи дека репрезентацијата е целосно фокусирана и подготвена за предизвикот. „Сезоната за нас уште не е завршена. Ова се последни натпревари за репрезентативците, но имаме сили за успех. Мотивирани сме и одлично подготвени. Индивидуално Белгија има топ играчи, но ако сме тактички добро поставени, можеме да им парираме“, изјави ...