Милан вечерва на „Сан Сиро“ ги презентираше своите летни засилувања како најава за новата сезона. Огромни се очекувањата на „миланезите“ од престојната сезона во која очекуваат враќање на врвот во Серија А. А, големи се очекувањата и од новите засилувања. 🔴⚫️ Milan presented their new summer signings before the Coppa Italia match vs Bari… • Luka Modrić – FREE • Ardon Jashari – €36m • Samuele Ricci – €23m • Pervis Estupinan – €17m • Koni De ...
Лука Модриќ дебитираше на официјален натпревар за Милан и доби минутажа во вториот дел од Куп пресметката со Бари, па сосема очекувано, Хрватот се најде во центарот на вниманието поради значењето кое го има во фудбалската јавност. Фудбалскиот маестро стави крај на една долга и успешна етапа во Реал и ги брои првите недели во Италија, но во ситуација кога сите гледаат на него како лидер на новиот Милан, Модриќ ќе треба да испорача добри партии на ...
Составот на Милан со победа ја отвори натпреварувачката 2025/2026 и тоа во Купот на Италија каде ја мина првата пречка во името на второлигашот Бари. „Росонерите“ триумфираа рутински со 2-0 со по еден гол постигнат во двете полувремиња. Рафаел Леао го отвори резултатот во 14 минута и тоа со удар со глава. Меѓутоа три минути подоцна Португалецот го напушти теренот поради повреда и ако е нешто посериозно тоа ќе биде сериозен удар за клубот од ...