Во чест на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба утрово во Гостивар се организираше собир со положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк. На овој начин, како што беше речено на настанот, им се оддава почит на основоположниците на македонската револуционерна борба, како и на сите борци кои го положиле својот живот за слободна Македонија. Букети цвеќе положија делегации на: Општинскиот комитет на ...

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев, започна одбележувањето на Денот на македонската револуционерната борба. Пред споменикот кај Завод и музеј во Битола, почит оддадоа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, како и делегации од Сојузот на борци, Здружението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев и политичките партии. Градоначалникот на општина Битола, ...