Извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи, на годишната конференција на компанијата, ја претстави наредната фаза од технологијата за вештачка интелигенција за подобрување на пребарувачот. Новата функција ја прави интеракцијата со пребарувачот на Гугл повеќе како разговор со експерт способен да одговори на прашања за речиси секоја можна тема. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина ...

Според студијата, овие наоди може да се искористат за создавање поинтуитивна вештачка интелигенција и компјутерски био-системи. Водачот на проектот Скарлет Хауард испитува како мозокот на малите животни, од механиката на летот на вилинските коњчиња до визијата на пчелите, може да инспирира развој на напредни технологии кои го имитираат движењето, однесувањето и перцепцијата на животните. Хауард истакна дека животните можат да бидат важен модел ...

„Секако! Еве малку изменета верзија на текстот, со задржана смисла и стил“. „Дали сакате да ја прилагодам веста за одреден формат“? На македонските медиуми, во последниве две-три години им се случува да ги почнат или да ги завршат своите текстови со реченици како овие. Ова не се инциденти што може да се најдат само во онлајн-медиумите со човек-редакции. И телевизија со национална покриеност заврши текст на својот веб-сајт со ваква реченица. Ова ...

Според многумина, Џони Ајв е, после Стив Џобс, втората најважна личност одговорна за големиот подем на Apple. Токму тој стои зад дизајнот на најпознатите производи на компанијата, како што се iPhone, iPad, Apple Watch и други, но по години како десна рака на Џобс и Кук, во 2019 година најави заминување и основање на сопствена компанија. Неговата компанија првично соработуваше со Apple, а пред две години се појавија информации дека размислува за ...