Жителите на населбите долж Маркова Река, во општина Кисела Вода, се соочуваат со сериозна опасност по нивната безбедност и имот, откако поројните дождови предизвикаа свлечишта и лизгање на земјиштето. Според локалниот огранок на партијата Левица од Кисела Вода, нефункционалноста на општинската власт и институциите кои, како што велат, го штитат интересот на капиталот, довела до ситуација која за малку ќе завршела трагично. „Станува збор за ...

Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода алармира – ова не е политичко прашање, туку прашање на човечка безбедност. Обилните дождови кои го зафатија подрачјето на Кисела Вода ја претворија Маркова Река од природен ресурс во вистинска закана. Како што информираат од Левица, свлечиште длабоко повеќе од пет метри го однело дел од брегот, уништило канал за одвод и оставило неколку куќи на работ од буквална бездна. Ситуацијата на терен е критична: ...