Како што е веќе познато, тимот на Беса нема да биде дел од новата ВМФЛ сезона. На ден пред ждрепката клубот од Добри Дол се откажа од натпреварувањето, пред неколку дена со официјално писмо го извести раководството на Фудбалската федерација на Македонија. Па така, од ФФМ информираат дека на нејзино место 99% влегува тимот на Преспа кој што беше шампион во својот регион. Во следните денови оваа одлука ќе биде и официјализирана од страна на ...

Екипата на Преспа ќе добие зелено светло од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да го пополни испразнетото место во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) за следната сезона. Како што е познато, од натпреварувањето се откажа Беса од Добридол и тоа во последен момент. Целата ситуација се случи неколку часа по ждрепката, иако од ФФМ добивале гаранции од клубот дека ќе игра. Преспа, како единствен клуб кој заврши прв во Третите лиги, а не ...