Дел од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“, која поминува над Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ утринава се урна, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов рече дека уште пред повеќе од една година до ЦУК стигнале пријави од граѓани дека ѕидот зад Детската клиника е во лоша состојба и постои опасност да падне. Од ЦУК велат дека веднаш по пријавите ги известиле сите надлежни институции, ...
Се урна дел од потпорен ѕид на оградата кај Детската клиника на Клиничкиот центар во Скопје. Граѓани пријавиле на бројот 112. Првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов, бара веднаш да се реши проблемот со потпорниот ѕид за да се спречи поголема катастрофа. Но не е првпат да биде пријавено, вели Ангелов, а дописи се испратени и до Министерството за здравство, Град Скопје и Општина Центар. Од Град Скопје се изземаа од одговорност и посочија дека ...