Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари за престојното Европско првенство во Данска. На конечниот избор на Лазаров се најдоа 21 ракометар, а судејќи по претходните списоци, речиси и да нема ниту едно изненадување. Единствено, го нема кружниот напаѓач Милан Лазаревски, кој сè уште заздравува од повредата на рамото. Затоа, деби на еден голем собир ќе има младиот ас на Еурофарм Пелистер, ...

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, ќе добие дополнителна финансиска поддршка во износ од седум милиони денари, средства кои треба да донесат нова стабилност и свежина во клубот пред продолжението на сезоната. Одлуката е донесена по предлог на советничката група на владејачката партија, во координација со градоначалникот на Општина Битола. Општината, која поседува 25 проценти од акциите во клубот, заедно со мнозинскиот акционер ...