Опрема вредна 13 милиони евра не се користи во јавните здравствени установи (ЈЗУ) поради необезбедени кадровски и просторни услови, констатирал Државниот завод за ревизија (ДЗР). Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности. Со цел да се утврди степенот на искористеност и регионална достапност на услугите што ги обезбедува современата медицинска ...

Тендерите за набавка на современи медицински апарати во државното здравство си врвеле, без да се води сметка дали вистински тие ќе се користат, или ќе скапуваат во болниците во внатрешноста каде нема кој да работи со нив. Пациентите во потрага по современи апарати за дијагностика и понатаму доаѓаат во епицентарот на медицината – Скопје на Клинички центар, а опрема во вредност од 13 милиони евра не работи. Загрижувачките наоди на Државниот завод ...