Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 25.08.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,529%, кај дизелот за 1,366%, ...
Цената на бензините не се менува, дизелот од полноќ ќе биде поскап за половина денар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава по цена од 75 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 77 денари за литар. Од друга страна, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Така, новата цена на дизелот изнесува ...