Ракометната репрезентација на Македонија го одигра последниот пријателски натпревар пред Европското првенство и забележа победа над екипата на Мидтјиланд (36-27). Нашиот национален тим на оваа неофицијална средба против машкиот тим од Данска успеа убедливо да слави. Со добра игра Македонија уште на полувремето водеше, иако минимално со 14-13. Кирил Лазаров им даде шанса на сите ракометари, а тие одговорија со добра игра, далеку подобра во ...
Македонските ракометари полека ги завршуваат подготовките за настапот на Европското првенство. Денеска избраниците на Лазаров играа меч против данскиот тим Митјиланд кој го добивме со осум голови разлика. Најефикасен во нашата селекција на овој натпревар беше Филип Кузмановски со шест голови, Митев и Серафимов постигнаа по пет. Македонија настапот на Европското првенство го почнува во петок против Данска, мечот почнува од 20:30 часот. ...

