Разделбата на Интер со Симоне Инѕаги го стави клубот во позиција да бара итно решение за тренерското место, посебно што европскиот вицешампион ќе учествува и на претстојното Светско клупско првенство. Бепе Марота и неговите соработници размислуваат за повеќе имиња, а најмногу се споменува Сеск Фабрегас, кој зад себе има одлична сезона на клупата на Комо. Сепак, поранешната голема фудбалска ѕвезда денеска испратил јасна порака со својот коментар ...

Иако беше фаворит за нов тренер на Интер, Цеск Фабрегас нема намера да го напушти Комо. Со тоа ги „олади“ амбициите на европскиот вицепрвак во намерата да дојдат до услугите на Шпанецот, кој имаше одлична сезона во Комо. На настан во Лондон денеска, Фабрегас најави дека верува во проектот на Комо, кој е долгорочен. „Почнав во овој клуб затоа што сметам дека е долгорочен проект. Не сакам да ја завршам кариерата во клуб каде ќе бидам 1-2 години. ...