Битолски Пелистер забележа уште еден неочекуван пораз пред својата публика во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. По убедливиот од Арсими, вчера „зелено-белите“ остана со празни раце и по натпреварот со Башкими (2-1). Пелистерци веќе се во негативна серија од четири порази, па по тој повод Мирко Ивановски, како капитен на оваа екипа, им се обрати на навивачите и побара сплотеност и заедништво за да се излезе од западната криза. ...

По последниот пораз од Башкими, се запали „црвеното светло“ во екипата на Пелистер. Денеска капитенот на „зелено-белите“, Мирко Ивановски се обрати со изјава пред навивачите и симпатизерите на клубот. „Како капитен сочувствувам со нашите навивачите во овој тежок момент за нашиот клуб и чувствувам потреба да им се обратам. Неочекувано западнавме во кризен период на игра и резултати и потребна ни е сплотеност и заедништво да излеземе од кризата. ...