Вести Откако спаси три меч топки, АЛКАРАЗ ГО ОДБРАНИ НАСЛОВОТ НА РОЛАН ГАРОС 08.06.2025г Карлос Алкараз спаси три шампионски топки и се врати од негатива од два сета за да го одбрани трофејот на Ролан Гарос со неверојатна победа над Јаник Синер која влегува во историјата. Шпанецот го совлада светскиот број еден и ја освои својата втора титула на Ролан Гарос по епска победа со 4-6, 6-7, 6-4, 7-6, 7-6 во натпревар што траеше пет часа и 29 минути. ...

Карлос Алкараз и Јаник Синер одиграа епски меч во финалето на Ролан Гарос и најавија возбудливи дуели во годините што следуваат. По пет часа и 29 минути игра, и спасени три меч-топки, Шпанецот влезе во историјата, а поранешниот прв светски рекет, Матс Виландер, смета дека овој треба да се прогласи за најдобар тениски натпревар на сите времиња. По навистина спектакуларното финале, Виландер ги спомена натпреварите меѓу Рафаел Надал и Роже Федерер, ...

Овогодинешното финале на Ролан Гарос, кое се играше меѓу тениските ѕвезди Јаник Синер и Карлос Алкараз, не беше само спортски спектакл, туку и вистински општествен настан каде што на трибините се собраа бројни познати личности од светот на филмот, спортот и забавата. На стадионот „Philippe Chatrier“ во Париз се одигра големото финале на Ролан Гарос помеѓу двата најдобри тенисери на денешницата и тоа беше настан што не смее да се пропушти. View ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на Ролан Гарос 2025. Во финалето на Грен слемот во Париз, вториот рекет во светот го победи лидерот на ранг-листата Јаник Синер од Италија во пет сета – 4:6, 6:7 (4:7), 6:4, 7:6 (7:3) и 7:6 (10:2). Мечот траеше 5 часа и 31 минута. Алкараз спаси три врзани меч топки во четвртиот сет. За време на натпреварот, Алкараз сервираше 7 аса, направи 7 двојни грешки и реализираше 7 брејк топки од 14. Синер имаше ...