Попладнево беше извршена и ждрепката во Конференциска лига, каде Македонија ќе има дури три претставника во првото коло во квалификациите. Вицешампионот Силекс за противник доби клуб од соседството и ќе игра двомеч против Дечиќ од Црна Гора. Работнички, кој сезоната ја заврши како трет во првенството, ќе има пресметка со Торпедо Белаз од Белорусија. Вардар, кој дојде до квалификациите како освојувач на Купот на Македонија, се чини помина ...

Најтрофениот македонски фудбалски клуб Вардар како потенцијален противник во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА го доби Лозана од Швајцарија. За да дојде до двомеч против Лозана, Вардар прво треба да го елиминира Ла Фиорита од Сан Марино. Своите потенцијални ривали ги добија и Силекс и Работнички. Силекс ако успее да го елиминира Дечиќ од Црна Гора за ривал ќе го има Рапид од Австрија. На Работички ривал ќе му биде ...