Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во петок во оддалечената база Елмендорф-Ричардсон, американска воена база во Анкориџ, Алјаска. Елмендорф-Ричардсон ги комбинира воздухопловната база Елмендорф и тврдината Ричардсон на американската армија, објавува „Телеграф“. Тоа е најголемата воена база во Алјаска и е дом на повеќе од 32.000 луѓе – околу 10% од населението на Анкориџ. Областа е важна и за Русија: САД ја купија Алјаска од Руската ...

Доналд Трамп и Владимир Путин пристигнаа на Алјаска за историски самит кој би можел да влијае врз натамошниот тек на војната во Украина. Тие прошетаа по црвениот тепих што ги поврза двата авиона и се сретнаа на средината на пистата. Таму се поздравија, разменија љубезни зборови и насмевки и им позираа на фоторепортерите, но ги игнорираа новинарските прашања. Потоа заминаа со ист автомобил на средбата што ја исчекува цел свет. Портпаролот на ...